ИПАРД 2018-Градинки и дневни центри за престој

ИПАРД програмата кофинансира 65% неповратни средства за изградба на градинка или дневен центар за деца или инвалидизирани лица. Прифатливи баратели се:
  1. Трговско друштво / трговец поединец
  2. Занаетчија
Барателот задолжително треба да биде рангиран во категорија на микро или мало претпријатие. Микро петпријатие со број на вработени помалку од 10 и годишен обрт помал од 2 милиони евра и мало претпријатие до 50 вработени и годишен обрт до 10 милиони евра.
Барателот занаетчија потребно е да биде запишан во Регистарот на Занаетчии, согласно Правилникот за исполнување на минимални технички услови за вршење на занаетчиска дејност.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.

Повеке информации во ПРОАГРО ЛИДЕР или на тел 070 389 034

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *