Реализирани проекти

Органско производство – Зголемени и стабилни финансиски  приходи на земјоделците – Здрава нација

 

Соочени со проблемите на земјоделските призводители кои се занимаваат со конвенционално земјоделско производство кој се судруваат со бројни проблеми како што се: ниски и често променливи цени на земјоделските призводи, лоши откупни политики и не сигурни пазари, поради што земјоделците се соочуваат со огромна економска нестабилност и во таа насока неисплатливост на  нивните годишни приходи.

Затоа ние како здружение кое располага со силен, образовен и секако стручен тим бевме мотивирани да развиеме проект од особено значење за нашата  целната група која е предмет на нашето делување и цели за да придонесеме во процесот на промовирање на еден моментално најсовремен и најактуелен концепт на земјоделско производство а тоа е „Органското производство“ кое нуди нови можности, сигурни стабилни финансиски приходи на земјоделците, нуди здрави производи кои со сигурност ќе имплицираат и подобрување на здравствените состојби на граѓаните како во локалната заедница така и во државата и пошироко, потврдувајќи се како земјоделско подрачје кое е интерес на сите светски пазари и откупувачи!

Главна цел на проектот е зголемување на интересот за Органско Производство и зголемено користење на Органски производи, кај земјоделските производители и кај конзументите на храна.

Во изминатиов период проектниот тим од Здружението ПРОАГРО ФАМЕРИ изврши обемни и детални истражувања, анализи и анкети кај земјоделските производители и кај конзументите на храна и може да се заклучи оти интересот за користење и произведување на Органски Производи е доста голем, додека пак информираноста за практикување на истото е доста мала.

Кај конзументите на храна кај поголемиот дел од испитаниците или кај 80% од нив сакаат да користат Органски производи, но за жал немаат доволно информации од каде да ги набават истите.

-Кај земјоделските производители кој го практикуваат конвенционалниот начин на производство 70% слушнале за Орган. производтсво но немаат конкретни информации за негово практикување.

Како резултат од истрашувањата утврден е процентот на земјоделски производители кој се занимаваат со органско производство во однос на конвенционалното земјоделство,и утрдено е нивото на интерес за преструктуирање од конвенционално на органско производство кај земјоделските производители.

Во рамките на истоимениот проект тимот за имплементација  одржа повеќе трибини во руралните средини на тема “Органско производство – Здрава нација” на кои што учество зедоа стручни експерти од областа на органското производство.

Од досегашните средби – трибини воспоставена е:

-Kомуникација помеѓу земјоделците и стручните еминентни организации од областа на органското производство

-Подигнато е нивото и информираноста на земјоделците за пазарите и откупот на органски производи

-Подигнато е нивото за примена на органски заштитни средства

-Подигнато е нивото на употреба на органски здрава храна од страна на конзументите.

Во моментов здружението ПРОАГРО ФАРМЕРИ во рамките на  проектот врши директни теренски посети и контакти со целните групи на нивните земјоделски површини, се врши промоција на органските заштитни средства и промоција на органското производство, и мерење на нивото на контаминација на нивните земјоделски површини, се со цел за подигање на нивото и мотивација за преструктуирање од конвенцијалното кон органското  производство.

Проектот е финансиски подржан од програмата Г1 на Општина Струмица

 

Во прилог презентација од проектните активноси (погледни овде)