Аплицирање за дополнителни директни плаќања

До 25 декември можност за аплицирање за дополнителни директни плаќања сертифицирани како растително и сточарско органско производство и производство во преод
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите земјоделци дека е во тек аплицирањето за дополнителни директни плаќања за растително и сточарско производство кои се сертифицирани како органско производство и производство во преод.

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои имаат сертифицирано растително и сточарско органско производство и производство во преод согласно Законот за органско земјоделско производство или пак имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека

„За оваа мерка корисници можат да бидат и откупувачи и трговци запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено или пак вршат трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.“ – информира Бачовски.

Барања за добивање на финансиска поддршка можат да поднесат и сите земјоделски стопанства кои имаат добиено сертификат за органско производство и тоа за кофинансирање на трошоците за стручна контрола и сертификација во висина од 50%.

Крајниот рок за поднесување на барања е до 25 декември. Апликациите се доставуваат со логирање на веб страна на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk „директни плаќања е – барање “