Добрата страна на органската храна

Добрата страна на органската храна, обуки во Струмица за земјоделците и корисниците

Земјоделците и корисниците на нивните производи во струмичкиот крај немаат доволно информации за органското производство на храна. Ова го покажува истражувањето на здружението ПРОАГРО фармери. Поради тоа, за подигање на свеста кај населението за полезната страна од храната која не е третирана со пестициди, сега почнува серија обуки.

Од компанијата Балкан Биосерт кои вршат меѓународна сертификација, велат дека органското производство во Македонија е реалност. Во 2017 година имало 480 сертифицирани органски производители, а годишно оваа бројка се зголемува за 20 насто,  што е добар показател дека земјоделството се развива во добар правец, велат оттаму.

Димовски додава дека во сите региони во Македонија постојат производители со сертификат за разни гранки на земјоделството, но дека најмалку се органски градинари. Органската храна во Европа секоја година станува се побарана, а континуирано расте и приходот од таквите производи. Европската Унија , со годишна продажба од преку 33 милиони евра за органски производи во 2016 година, се смета за втор пазар по важност, по САД, за производителите на храната која се смета за поздрава, поради отсуството на хемикалии.

Линк од интервјуто:https://tv21.tv/mk/dobrata-strana-na-organskata-hrana-ob/?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk

https://www.youtube.com/watch?v=Djvu6lfEuMg

Катерина Дафчева