Започна процедурата за исплата на договорите за ИПАРД 2 програмата

Започна процедурата за исплата на договорите на ИПАРД 2 програмата. 

Од вкупно 684 склучени договори, 666 договори се за Мерката 1 односно Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, за која што се побаруваат над 6,2 милиони евра. Останатите 29 договори се склучени за мерката 3 односно Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи, за која што побарувањата изнесуваат 6,1 милиони евра.

Од овие 684 веќе склучени договори, досега до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој до денеска за исплата на средства се пристигнати  107 барања по Мерките 1 и 3.

Вкупно за двете Мерки се побаруваат околу 610 илјади евра.

До денес се склучени договори за над 12 милиони евра кои што веќе се ставаат во функција на македонското земјоделство.