Испитување на квалитетот на почвата

Пред  стартот на сеидбата на градинарските култури, на отворено или под пластеници, земјоделците да извршат агрохемиска анализа на почвата. Ова е препораката од Зија Сеидов експерт за испитување на земјиштето ангажиран во проектот “Модерно и квалитетно производство кај градинарите во с.Банско,с.Муртино и с.Робово” каде што во моментов врши теренски посети и на фармерите им дава директни совети.

Тој тврди дека земјоделците се помалку прават анализи на почвите иако треба да се посвети поголемо внимание на овој сегмент пред се за квалитетно и конкуренто земјоделско прозиводстово.

За правилен раст и развој на земјоделските култури, неопходно е да се изврши испитување на почвата, советува Сеидов. Според него, пред да започне сеидбата на било кое растение, земјоделците треба да направат детална анализа на почвата. Ова е потребно со цел да не дојде до загуба и непотребни трошоци уште при самиот расад. Доколку одредено растение се посади на земјиште каде што претходно имало друга култура, може да дојде до несакани последици и уништување на целиот расад.

Освен анализа на почвата, Сеидов советува уште при самиот расад земјоделците да употребат и одредени мерки за заштита на своите растенија. Доколку навреме се искористат соодветните мерки, ќе се спречи и појавата на болести. За квалитетен развој на земјоделските култури, потребно е да се внимава и на температурните разлики, а неопходно е и одржување на правилен процент на влага на местата каде што се одгледува земјоделската култура.

Агрохемиската анализа на почвата чини максимум  2 илјади денари. Преку неа земјоделците добиваат информaции за активните својства во почвата, кои култури може да бидат засадени и во кои губрива  треба да се применуваат. На овој начин земјоделците ке можат да ги намалат производствените трошоци

Прилогот може да го погледнете на следниот линк:https://www.youtube.com/watch?v=isto4gHqc24

Овој проект се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија , а е спроведувана од УНДП, со свои средства во проектот учествува и Општина Струмица.