Исплатени 204 милиони денари субвенции за земјоделство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на над 10 илјади земјоделци, исплати над 204 милиони денари за субвенции по повеќе мерки.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека се исплатени средства на сите кои аплицирале и исполниле услови за добивање на финансиска поддршка, за органско производство, за зголемен број на грла во основните стада, за задржано женско јаре и јагне, а исплатена е и дополнителната поддршка од 20% за регистрирани земјоделци.

„На вкупно 778 лица кои произведуваат органски производи исплатени им се 113 милиони денари. На сметките на 1,793 субјекти кои аплицираат како индивидуални земјоделци, исплатени им се 52 милиони денари.На 7.674 фармери кои ги зголемиле стадата исплатени им се близу 39 милиони денари. Над 1,4 милиони денари се исплатени за сите кои задржале женско јагне а 156 илјади денари се исплатени за сите кои имаат задржано женско јаре а такви се 32 фармери.“ – информира Бачовски.