Помош за млади земјоделци

Почитувани фармери во тек е
Ј А В Е Н  П О В И К б р . 0 7 / 2 0 2 1
за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следнава мерка:
Мерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на
земјоделска дејност до 600.000,00 денари
II. КОРИСНИЦИ
Право на користење на средства имаат следните субјекти:
Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски
стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,
согласно Закон за земјоделство и рурален развој
Мерка 112
III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000,00
денари.
Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на
годишно ниво во најмногу три рати.
Огласот е отворен до 29,08,2021 година
За подетални информации повелете во просториите на Проагро Фармери Струмица