Модерно и квалитетно производство 2019

“Модерно и квалитетно производство кај градинарите во

с.Банско, Муртино и Робово”

-Преку нашиот проект “Модерно и квалитетно производство кај градинарите во с.Банско, Муртино и Робово” во следниве 8 месеци кај фармерите ке работиме на едуцирање и укажувања за модерните технологии на производство кој се актуелни во моментот и ќе ги доближиме можностите за органското производство како основа за здрава храна.

Имено, главната цел ни е воведување на нови технологии и знаења за квалитетно и здраво градинарско производство кај градинарите преку искористување на тековните програми и фондови ( ИПАРД ) за нови инвестиции.

Во текот на проектот ке бидат презентирани најновите достигнувања во земјоделието како што се:

– Употребата на дронови во земјоделието
– Користењето на хидропониката во производството
– Употреба на заштитни мрежи
– Користењето на сончевата енергија за загревање на стаклениците
– Користењето на мобилните апликации за навремени агро-технички мерки.

Проектните активности вклучуваат повеке работилници и обуки и тоа:
– работилници за воведување на нови и модерни технологии за производство
– работилници за начинот на користење и потребните документи за тековните програми и ИПАРД фондови кој се наменети за подршка на земјоделските производители.
– работилници за значењето на испитувањето на квалитетот на почвата.
– работилници за примената на Органското производство во градинарството
– потоа ќе вршиме и директи советодавни посети на терен со агрономи експерти се со цел за добивање на квалитетни градинарски производи и остварување на стабилни земјоделски приходи кај фармерите.

На крајот од проектот, некаде околу почетокот на Септември ке организираме голем АГРО саем на кој ке бидат присутни сите овластени дилери на земјоделска механизација, ке биде презентирана нова механизација за обработка на земјиштето, потоа ке имаме презентирање на нови видови на семињa, губрива и заштитни средства и се разбира ке имаме изложувачи на здрави и квалитетни градинарски производи.

– Според нашите очекувања по завршувањето на проектот околу 100-тина фармери ке започнат со примена на нови технологи за добивање на квалитетни и здрави производи.
– Очекуваме да се зголеми интересот и искористеноста на ИПАРД фондовите во таргетитаните села па и во цела општина а исто така очекуваме и да го зголемиме интересот за Органско производство.
Убедени сме дека токму резултатите од проектот ќе бидат и добра практика и за останатите земјоделски региони како и на кој начин да ги надминуват и решаваат проблемите во земјоделието, а на тој начин пак ке придонесиме за зголемување на земјоделските приходи кај фармерите.

Овој проект се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија, а е спроведувана од УНДП.

А со свои средства во проектот учествува и Општина Струмица