Одржана работилница во с.Муртино

На ден 27.06.2019 (четврток) во ОУ.”Маршал Тито” во с.Муртино, во организација на здружението “Проагро Фармери” во рамките на проектот “Модерно и квалитетно градинарско производство кај градинарите во с.Банско,с.Муртино и с.Робово”,се одржаа две работилници на тема:

  1. ”Перспективи и придобивки од Органското производство во градинарството”
  2. “Начини на искористување на тековните програми и ИПАРД фондови во земјоделието “

На присутните најпрвин им се обрати координаторот на проектот Борче Јанев  кој присутните ги запознаа со проектните активности  со целите на проектот и со деталите околу организацијата на првиот АГРО САЕМ во Струмица кој ке се одржи на 30ти и 31ви Август.

На првата работилница, во рамките на истоимениот проект свое излагање имаше  председателот на здружението на органски производители Органо-Логистик, Горѓи Хаџи-Котаров на тема: ” Перспективи и придобивки од Органското производство во градинарството” кој на присутните им ги презентираше најновите достигнувања во органскиот начин на практикување на производство и кој се алатки треба да ги користат земјоделските производители се со цел добивање на здрави и квалитетни градинарски производи.

На втората работилница агр.инг. Стојан Глигоров  присутните ги запозна со јавните повици кој следуваат во блиска иднина од програмите за подршка на фармерите, за начинот на аплицирање, висината на подршката и кој се потребни документи за аплицирање и користење на средства од ИПАРД фондот, се со цел модернизација на нивните земјоделски стопанства и што поголема нивна искористеност.

Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија, а е спроведувана од UNDP.

Со свои средства во проектот учествува и Општина Струмица.