Посета на Фарма

Во спроведување на проектните активности  продолживме со анимирање на деца за убавините на селото

За таа цел со две групи на дечиња посетивме фарма за одгледување на крави и телиња каде што дечињата  се запознаа  со начинот и животот на фармата  и за  начинот за добивање на млеко и како се произведува сирење и урда.

Децата научија нешто повеќе за првата фаза од производството на нивното омилено млеко. Преку дружење со кравите, надвор од училишните клупи, децата учеа за исхраната и грижата за кравите, како услов за добивање висококвалитетно млеко. Тие имаа можност да ги помилуваат и да ги нахранат малите телиња и кравите, а со тоа и да ја развијат својата љубов кон нив, но истовремено и својата љубов кон млекото и млечните производи.

 

На децата им покажуваме мали кучиња, мачиња, пилиња и зајаци. Реакциите се неверојатни, а прашањата одат и до крајна баналност. На многу од нив тоа им е прва средба со некои животни, па или, во недостиг од искуство, покажуваат неверојатен страв или воопшто го немаат, не внимавајќи воопшто како некое од тие животни ќе реагира на допир. Бидејќи кај добар дел од децата сликата за некое домашно или друго животно се сведува на ликови од сликовници и цртани филмови .

Со оваие посети увидовме колку денешните деца растат само со компјутери, модерна технологија, без класична игра, дружење, запознавање на природата и општеството.

 

Проектната активност е дел од проектот “Убавините на селото” финансиски подржан од Г1 програмата на општина Струмица