Производство на Шери Домати

Има исклучително сладок вкус и многу добро избалансиран однос на шеќери и вкупни киселини и затоа има вистински мирис на домат. Технологијата на производство на чери-доматите е скоро иста како и производството на обичниот домат. Обично на 1.000 м2 се засадуваат 3.000 растенија, колку и обичните домати.

Производството чери-домати се изведува во два периода и тоа пролетно производство и рано есенско производство со тоа што пластеникот е целосно искористен. Чери-доматите кај нас се среќаваат во повеќе региони каде што успешно се одгледуваат. Плодовите најчесто се среќаваат во продажба во маркетите, пазарите и хотелите каде што се употребуваат најчесто како декорација. Инаку, на пазарите достигнува висока цена бидејќи се смета дека чери-доматите содржат доста антиоксиданси и спаѓа во групата минијатурни и лековити плодови.

Слаба заинтересираност за чери-домати

И покрај низата позитивни особини, кај нас заинтересираноста за пр

оизводство на чери-домати од страна на производителите сè уште мала. Според изјавите на некои производители кои веќе нај,авуваат одредена заинтересираност за производство, за поголемо производство, покрај одгледувањето, доста е отежната и бербата. Бидејќи плодовите се ситни, потребна е и поголема работна сила. Засега главно чери-доматите се одгледуваат во домаќинствата за домашни потреби и сосема малку за продажба. Многу подобро би било земјоделските производители кои се занимаваат со градинарство и имаат повеќечлена фамилија да започнат со производство на чери-домати за продажба на пазари бидејќи исплатливоста ќе им биде повисока, а нормално и профитот поголем.