Промоција на Стратегија за унапредување на земјоделството во општина Струмица

На ден 11,03,2020 во просториите на домот на АРМ во Струмица се одржа завршниот настан од проектот:

“Унапредување на земјоделското производство во Општина Струмица низ процес на Стратешко планирање за период 2020-2025 година.”

и промоција на 

Пет годишна Стратегија  за Унапредување и развој на земјоделското производство во Општина Струмица 2020-2025 година ” 

Во Стратегијата се предложени голем број на мерки и активности кој Општина Струмица во рамките на своите надлежности во следниот пет-годишен период треба да ги преземе се со цел за унапредување и развој на земјоделието во Општина Струмица.

Со имплементација на Стратегијата за унапредување и развој на земјоделието ќе се придонесе кон подобрување на состојбите и прашањата што се однесуваат на економско-социјалната положба на земјоделските производители од  Општина Струмица.

Доколку се сака да се опстои на намерата за понатамошно развивање на земјодеството во Општина Струмица, потребни се активни мерки за  подобрување на квалитетот на живот и пристап до услугите во руралните подрачја, пред се подобрување на комуналната и патната инфраструктура и вложувања во развој на селата.

Генералната цел на Стратегијата за унапредување и развој на земјоделието во Општина Струмица за периодот 2020-2025 е една и единствена:

Зголемување на конкурентноста, модернизирање на земјоделско производство и развој  на животот во руралните средини”

 

Проектот е финансиран од Г1 програмата на Општина Струмица.

Во прилог се слики од завршната конференција за проектот и презентирање на Стретегијата за унапредување на земјоделието во Општина Струмица: