Рурален туризам-Стумица и струмичко

Појавата на руралниот туризам како алтернативен вид туризам на туристичкиот пазар е природна појава. Овој вид туризам се спротивставува на масовноста (индустрискиот туризам). Руралниот туризам, како одмор во рурална средина, не само што е модерен, туку и неопходен со оглед на загадувањето на животната средина, динамичниот и интензивен живот во градовите, што природно ги поттикнува младите луѓе да бараат мир и релаксација во чиста и природна средина.

 

Статистичките бројки и показатели од јавно достапните информации укажуваат на повеќе слабости и недоволна развиеност на руралниот туризам во Опшина Струмица, експертите оценуваат дека земјата има големи потенцијали за алернативниот, селски туризам, но и дека се потребни значителни инфраструктурни инвестиции за да може да се фати чекорот со овие нови трендови во европскиот и светскиот туризам, кои можат да и донесат повеќе финансиски бенефит на земјоделските стопанства.

Општина Струмица е популарна дестинација за дневни излетници кои ги привлекуваат рестораните, манастирите и водопадите. Нејзината локација ѝ овозможува создавање на врски и проширени понуди со комплементарни туристички атракции и производи.

Еден од најзначајните сегменти од севкупната туристичка понуда на општина Струмица е секако селскиот туризам кој нуди мозаик од многу природни убавини кој на посетителите им овозможуваа да научат за развојот за земјоделството, да доживеат традиционално гостопримство и кујна, да го истражат нашето културно наследство, планините и природата и автентични објекти од недвижното културно наследство.
Селата Банско, Велјуса, Водоча и Габрово се вистински репрезенти на тој вид туризам но за жал сеуште недоволно искористини поради слабата туристичка понуда и недоволниот сместувачки капацитет.

 

Проектот “Убавините на селото” финансиски е подржан од Г1 програмата на општина Струмица