Стратегија за унапредување на земјоделието во Општина Струмица 2020-2025 год

Здружението за унапредување и развој на земјоделието Проагро Фармери изминативе 8 месеци  работеше на проектот  ” Унапредување во земјоделието во Општина Струмица ”. Главна цел на проектот  ни е да го унапредиме земјоделското производство низ процесот на стратешко планирање во наредниот пет годишен период  2020 – 2025 година во рамките на Пет годишна Стратегија за Унапредување и развој на земјоделското производство во Општина Струмица.

Во подготовкатa на стратегијата беа вклучени претставници на сите целни групи од областите на делување, кои од свој аспект дадоа придонес за развивање на сеопфатен и корисен стратешки документ кој ги отсликува потребите и предлозите на засегнатите страни.

Реализацијата на целите на Стратегијата за унапредување и развој на земоделието во  Општина Струмица е во потполна согласност со целта на нацрт Националната Стратегија за Земјоделство и Рурален Развој и тоа во поглед на: зголемување на конкурентноста на македонското земјоделско производство и прехрамбената индустрија, осигурување на одржлив развој на руралните средини и одржливо управување со природните ресурси.

Во процесот на изработка на овој стратешки документ се вклучени Националните приоритети на Република Северна Македонија во делот на земјоделството и руралниот развој, како и приоритетите на Заедничката Земјоделска Политика на Европската Унија, но сепак, прилагодени на условите во Општина Струмица.

Следниот период следува нејзина промоција и запознавање со предложените активности и мерки во Стратегијата.

 

Проектот финансиски е подржан од програмата Г1 на Општина Струмица.