Трибина во с.Робово

На ден 27.08.2019 (вторник) во ОУ.”Маршал Тито” во с.Робово, во организација на здружението “Проагро Фармери” во рамките на проектот “Модерно и квалитетно градинарско производство кај градинарите во с.Банско,с.Муртино и с.Робово”,се одржа работилница на тема:

  1. ”Перспективи и придобивки од Органското производство во градинарството”

Присутните на работилницата, од страна на Борче Јанев-координатор на проектот беа запознати со целта на проектот и за престојниот  саем, кој за прв пат ќе се одржува во Струмица, а е дел од истоимениот проект. Саемот ќе биде отворен и ќе започне на 30.08.2019 год.(петок) во 11 часот. На саемот ќе има изложувачи од земјата и странство, кој на своите клиенти ќе им ги презентираат новите технологии и достигнувања во земјоделието.   

Во рамките на истоимениот проект свое излагање имаше  председателот на здружението на органски производители Органо-Логистик, Горѓи Хаџи-Котаров на тема: ” Перспективи и придобивки од Органското производство во градинарството” кој на присутните им ги презентираше најновите достигнувања во органскиот начин на практикување на производство и кој се алатки треба да ги користат земјоделските производители се со цел добивање на здрави и квалитетни градинарски производи.

Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија, а е спроведувана од UNDP.

Со свои средства во проектот учествува и Општина Струмица.