Унапредување на земјоделското производство

Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ започна со реализација на проектот

Унапредување на земјоделското производство во Општина Струмица низ процес на Стратешко планирање за период 2019-2025 година со изработка на:

Пет годишна Стратегија со Акциски план за Унапредување и развој на земјоделското производство во Општина Струмица 2019-2025 година.

Проектните активности вклучуваат:

-Утврдување на Нивото на  влијанието на АГРАРНАТА ПОЛИТИКА   врз земјоделството и земјоделците во Струмица и Струмичко.

-Собирање на информации и податоци за утврдување на состојбата и влијанието на Аграната политика врз земјоделството и земјоделците од Струмица и струмичко со изработка на анкетен прашалник, онлајн истражување, директни прашалници, деск истражување и собирање на информаци и податоци од релевантни чинители-владини и невладини.

-Работа со  фокус групи

– Утврдување на новите аспекти во земјоделството заради унапредување, организирање и стандардизирање на земјоделското проеизводство во  општина  Струмица.

– Ангажман на двајца експерти за теренска и инклузивна работна активност во рамките на постигнувањето на целта за период од два месеци

– Извршени директни теренски посети и состаноци со  земјоделското месно население и раководните структури од месните организации-заедници (стручно советодавен модел)

Проектот ке заврши со изготвување на  Пет годишна Локална Стратегија и Акциски план  за развој на Земјоделството во Струмица и струмичко.

Проектот е финансиран од  Г1 програмата на Опшина Струмица за финансирање на граѓански организации.