Услови за аплицирање на повикот за мерка 113

Услови за аплицирање на повикот за мерка 113 – неповратни 20.000 евра за млади до 40 години

Предмет на јавниот повик за мерка 113 „Млад земјоделец“ е доделување на финансиска поддршка за поттикнување на земјоделското производство. Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

На јавниот повик може да аплицираат носители на земјоделски стопанства на возраст од 18 до 40 години. На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  1. Уредно и целосно пополнето електронско Барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година ПРР – 113; (поднесено преку e-baranje.ipardpa.gov.mk)
  2. Понуда со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка;
  3. Деловен план – изготвен согласно Упатството за изготвување на деловен план за Мерка 113;
  4. Доказ за завршено образование:
    – Диплома за завршено образование од област на земјоделство; или
    – Сертификат за завршена обука за здобивање на квалификации за вршење на земјоделска дејност;
  5. Доказ за поседување или располагање со недвижен имот:
    – Имотен лист – издаден од Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, не постар од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик; или
    – Договор за закуп на земјиште/објект во траење од најмалку 5 години сметано од денот на објавување на јавниот повик, и прилог имотен лист за земјиште/објектот на име на закуподавачот издаден од Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, не постар од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик; или
    – Договор за концесија на земјиште/објект во сопственост на Република Северна Македонија со важност од најмалку 5 години сметано од денот на објавување на јавниот повик со Записник за воведување во владение и прилог имотен лист;
    Напомена: Доказ за поседување/располагање со недвижен имот се доставува во случај кога инвестицијата опфаќа ископ на бунари (само за фарми и објекти), градба, конструкција/реконструкција на објект/и и пластеници;
  6. Одобрение за градба, конструкција/реконструкција со проектна документација врз основа на која е издадено одобрението за градба, конструкција/реконструкција од единицата за локална самоуправа
    Напомена: За инвестиции кои вклучуваат градба, конструкција или реконструкција на објекти
  7. Договор/Понуда за услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за изработка на опрема, конструкција на елементите и инсталирање на опрема вклучително и софтвер;
    – Договор/Понуда за услуги од трети лица за изработка на деловен план, студии, елаборати, планска и техничка документација;
    Напомена: Договор за услуги од трети лица се доставува доколку услугата е од физичко лице, или Понуда се доставува доколку услугата е од правно лице. Договор за услуги се доставува доколку барателот користи услуги од трети лица и за истите бара финансиска поддршка;
  8. Договор/Понуда за обука за вршење на соодветна земјоделска дејност согласно предвидениот производствен план од деловниот план (доколку барателот не поседува доказ за завршено соодветно образование а побарува финансиска поддршка за наведените обуки);
  9. Решение за упис во регистар на земјоделски задруги при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (доколку земјоделското стопанство е член на земјоделска задруга);
  10. Доказ/Потврда за заснован/незаснован работен однос во последните 2 години, издадена од Агенција за вработување

Крајниот рок за доставување на барањата е 10.03.2020 година.