Истражување за органско производство

Во рамките на проектот “Органско производство-Зголемени и стабилни финансиски приходи на земјоделците-Здрава нација “, здружението ПРОАГРО ФАРМЕРИ изврши истражувачки активности и телефонска комуникација за промоција на можностите за органско производство и за утврдување на реалната фактичка состојба за интересот за Органско производство кај земјоделските производители и кај конзументите на истите.
Од истражувањето и извршената анкета утврдивме:

кај конзументите:

:

– 80% сакаат да користат органски производи
– 17% сеедно им е какви производи користат
– 3% несакаат Органски производи

кај производителите:

– 70 % слушнале за органско производство но немаат конкретни информации за истото
– 10% воопшто не се запознаени со Органското производство
– 20% се заинтересирани за Органско производство

Со цел за што поголема информираност и подигање на свеста за примената на Органското производство, здружението ПРОАГРО ФАРМЕРИ во рамките на проектот ке организира трибини и обуки на тема “Органско производство”

Проектот е финансиски подржан од Г1 програмата од општина Струмица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *