Aкција за промоција на можностите за руралниот туризам

Во третиот дел од проектот започнуваме со герила акции за промоција на можностите на руралниот туризам

Спроведувавме дво месечни континуирани теренски активности ( по две посети во Габрово, Банско, Вадоча и Велуса ) Имавме средби и состаноци со потенцијалните земјоделски стопанства во соработка со вклучен дополнителен стручен ресурс-волонтери од здружението, согласно утврдената динамика заради директно влијание врз целната група во однос на посакуваната промена (односно обуки на локалното население за отварање на сместувачки капацитети кои ќе понудат автентично сместување, со локална гастрономија и сплотување со локалниот начин на живот и зголемување на бројот на земјоделски стопанства кој ќе нудат сместувачко-угостителски услуги)

И дополнително извршивме и дистрибуирање  на информативни флаери – БИДИ ТУКА.