Органско Производство

Нека биде здраво!
Нека биде органско!

Органската храна е произведена на строго контролиран начин со цел да се заштити здравјето на луѓето и животната средина.

Органските производи се одгледани на незагадена почва и произведени со методи кои не се штетни по здравјето на луѓето, животната средина и природната рамнотежа. Начинот на производство на органска храна е законски регулиран и редовно контролиран за да се обезбеди дека производите се безбедни и не содржат штетни материи. Со тоа тие се поздрави и имаат поголема нутритивна вредност.

При органскиот начин на производство и преработка на храна се дава предност на употребата на материи и производи кои се добиени на природен начин. Употребата на вештачки ѓубрива, хемиски пестициди, хормони, конзерванси, адитиви, генетски модифицирани плодови и состојки или други синтетички материи е сведена на минимум, односно во најголемиот дел е недозволена. Името органски производ, односно органска храна, е дадено поради органските материи и методи со кои земјоделците ги заменуваат овие вештачки материи.

Избирајќи органска храна, помагате да:

  • Не се загадуваат почвата и водите. Со органскиот начин на производство на храна се одржува стабилност на екосистемите преку минимално загадување на животната средина
  • Се избегнува ширење болести. Органското производство користи природни непријатели на штетниците и болестите, вклучувајќи и корисни видови инсекти како и ротација на повеќе видови на растителни култури на земјоделските површини.
  • Се поттикнува добар однос кон животните. Системот на органското производство на храна води исклучителна грижа за благосостојба на животните. Животните се напасуваат на незагадени високопланински пасишта, а на органските фарми им е овозможено слободно движење и природно однесување

Со внесување органски производи во секојдневната исхрана придонесувате за зачувување на вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.

ico_1.png

Природно си е природно

Не смеат да содржат генетски модифицирани организми.

1-6.jpg
ico_2.png

Свежи и здрави производи

Не смеат да содржат дополнително додадени засладувачи, ароми, бои и емулгатори, како и помошни адитиви кои се забранети.

2-5.jpg
ico_3.png

Сточарско органско производство

Животните мораат да бидат хранети со храна од органско производство, без употреба на антибиотици.

3-5.jpg
ico_4.png

Модерна технологија и врвна заштита

Не се прскани со синтетички пестициди и лесно топливи минерални ѓубрива.

4-5.jpg
ico_5.png

Од природата, за природата!

Органското производство е од круцијално значење за животот на луѓето и претставува еден сосема избалансиран и природен начин на одгледување и производство на храната, по биолошки, а не вештачки пат, во склад со стандардите на институциите, но и на самата природа.

bg_7.jpg

Состојба на органско производство во Р. Македонија

ico_12.png

26

Фуражни култури

grain-1.png

33

Житни култури

apple.png

15

Овоштарници

ico_13.png

3

Градинарство и лозарство

ico_14.png

654

Број на оператори

ico_15.png

2900

хектари вкупно сертифицирана производна површина

Контакт

Здружение на земјоделци за унапредување и развој на земјоделието

24 Октомври бб, Струмица (во близина на Комуналец)

070 389 034

proagrolider@yahoo.com

Поставете прашање

Слободно обратете ни се кога имате потреба од нас!