Здружение на земјоделци за унапредување и развој на земјоделието

Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ од Струмица е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и развој на земјоделското производство, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување и унапредување на граѓанското општество и локалните заедници на територијата на Р.Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.

Нашите стратешки цели се:

- Развој на современо и високо квалитетно земјоделско произвотсво
- Советодавни услуги на фармери
- Финансиска едукација на фармерите за искористување на домашни и европски фондови
- Заштита, подршка, едукација и техничка помош на малите фармери
- Зачувување и унапредување на животната средина
- Развој и унапредување на селскиот туризам
- Промоција и презентација на земјоделието и развивање на руралните средини
- Организирање, координирање и стратешко планирање на работата за остварување на профитабилно градинарско произвотсво.
- Зајакнување на материјалните и техничките капацитети на фармерите преку заеднички настап пред откупувачите, преработувачите и институциите.
- Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики и нивно вмрежување.
- Спроведување на истражувања и анализи.
- Организирање на обуки и едукативни трибини.
- Публикување на информативен и промотивен материјал.
- Организирање и учество на манифестации.
- Соработка со локални и државни власти, институции и компании.
- Соработка и партнерства со други здруженија во Македонија.
- Промоција и подршка на други локални и меѓународни проекти.

Завршна сметка за 2018-та година – Види овде

Проагро Фармери низ бројки

356

Задоволни клиенти

298

Советодавни услуги

188

Посетени клиенти

167

Членови

Контакт

Здружение на земјоделци за унапредување и развој на земјоделието<

24 Октомври бб, Струмица (во близина на Комуналец)

070 389 034

proagrolider@yahoo.com

Поставете прашање

Слободно обратете ни се кога имате потреба од нас!