На ден 24.09.2019 (вторник) во ОУ.”Маршал Тито” во с.Банско, во организација на здружението “Проагро Фармери” во рамките на проектот “Модерно и квалитетно градинарско производство кај градинарите во с.Банско,с.Муртино и с.Робово”,се одржа завршна конференција со следнава агенда:
ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА
“Модерно и квалитетно производство кај градинарите во
с.Банско,Муртино и Робово”
(24.09.2019 год. 20 часот, ОУ Маршал Тито – с.Банско)
АГЕНДА
20.00 – 20.10 час Регистрација на присутните
20.10 – 20.40 час Борче Јанев координатор на проектот.
Презенирање на постигнатите резултати и активностите на проектот.
20.40 – 20.50 час Ѓорги Хаџи-Котаров –ФПОПМ и инг.агр.Бранко Атанасов
Презентирање на придобивките од Органското производство од активностите во проектот.
20.50 – 21.00 час Стојан Глигоров –АПРЗ
Презентирање на бројот на апликанти за тековните проекти во изминативе осум месеци
21.00 – 21.10 час проф.Томе Тимов
Презентирање на постигнатите резултати од примена на новите начини на производство
21.10 – 21.20 час агр. Зија Сеидов
Презентирање на резултатите од испитувањето на земјиштето
21.20 – 21.30 час Дискусија-Прашања
21.30 – 22.00 час Коктел
На присутните им беа презентирани резултатите постигнати од спроведените проектни активности
Проектот се спроведуваше во времетраење од 8 месеци, целна група беа земјоделски семејства од турска, ромска и македонска националност, вклучувајќи и мажи и жени.
За време на проектот беа спроведени осум работилници,од кој три од нив за воведување на Нови технологии во земјоделието, две работилници за начин и искористување на тековните програми и ИПАРД фондовите во земјоделието и три работилници за перспективи и придобивки од органското производство во градинарството.
Беа спроведени пет месечни континуирани теренски активности во соработка со стручен тим,беа посетени 150 фармери од с.Банско,с.Муртино и с.Робово.Во рамките на истоимениот проект беше организиран дводневен агро саем во Струмица,на кој јавно беа презентирани здрави и квалитетни производи,нови технологии и механизации за обработка на земјиштето и презентирање на нови видови семиња,ѓубрива и заштитни средства.
На работилниците присуствуваа околу 150 фармери,кој исто така беа посетени и на терен.Околу 100 тина од нив започнаа со употреба на нови технологии,а околу 20тина од нив се заинтересирани и ја започнуваат постапката за добивање сертификат за примена на органско производство.
Според истражувањата кој беа спроведени по завршувањето на проектните активности,видно е зголемен интересот за искористување на тековните програми и фондови за подршка, околу 50тина фармери се заинтересирани за аплицирање на тековните програми и веќе се имаат обратено до институциите за подготовка на потребните документи.
Во рамките на истоимениот проект е креирана и веб алатка со соодветни информации за можностите и придобивките од органското производтво и употреба на органски ѓубрива.
Овој проект се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија (ЕУ), спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).