Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 9.191 субјект исплати близу 260 милиони денари за повеќе мерки. На сметките на 7,689 лица исплатени се 84,8 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности илипопозната како ПОМ. 39,3 милиони денари пак се исплатени за сите кои имаат аплицирано и исполнети услови за мерката 1.13 лозов калем и саден материјал, додека 35,3 милиони денари се исплатени за сите кои имаат поднесено и исполнето услови за добивање на поддршка за користење на домашен сертифициран семенски материјал. Исто така во денешната исплата исплатени се близу 27,2 милиони денари за амортизирани несилки, од октомври 2019 до септември 2020 година. 63,6 милиони денари за заклани јагниња во период од јануари 2020 до септмври истата година. А на сметките на сите живинари кои имаат заклани бројлери од мај 2019 до септември 2020 година исплатени им се 8,5 милиони денари. |