Механизација
За трет пат во Струмица во организациија на здружението „ПРОАГРО ФАРМЕРИ“ во соработка со општина Струмица на 7ми октомври со почеток од 11 часот ќе се одржи „АГРО САЕМ Струмица 2023“.
На Агро Саемот со свои штандови учество ќе земат 100 тина изложувачи од земјава и странство, кои што ќе ја искористат оваа одлична можност за промоција и претставување на своите најнови производи и поврзување со деловни партнери од сите краеви на Македонија и регионот.
Саемот е одлична можност каде што увозниците на механизација ги претставуваат последните технолошки достигнувања во производствениот процес и ќе воспостават врски мегу производителите од една но и да се зајакне довербата кај потрошувачите од друга страна.
Земјоделието е водечка индустриска гранка и генератор на развојот на Општина Струмица
Саемот е една од активностите кои ќе допринесе кон развој на земјоделското производство, негова модернизација и креирање на услови за воведување на европските стандарди на земјоделството на локално ниво.