Агро Систем

Здружението Проагро Фармери во рамките на своите проектни активности започна со реализација на проектот “Информативен Агро Систем”.

Целта на проектот е една и се заснова врз три посебни или конкретни цели.
Имено главна цел на проектот ни е: Креирање на информативен агро систем во една дигитална рурална платформа со кој би имале навремено и модерно информирање на фармерите и би ги зајакнале капацитетите и знаењата на фармерите за можностите кој што им се нудат.
Главната цел на проектот ќе ја оствариме врз основа на достигнувањата, или исполнувањето на трите конкретни цели:

1. Зголемена информираност на фармерите за моменталните случувања во агро секторот со креирање на дигитална платформа со СМС известувања.
2. Зголемена едуцираност на фармерите и користење на бесплатни услуги во креираниот локален центар за подршка на земјоделието.
3. Подигната дигитална писменост кај фармерите.

Креирањето на информативен агро систем во една дигитална рурална платформа со СМС нотификатор ќе им помогне на земјоделците на едно место да ги имаат и добиваат сите информации потребни за нив од областа на земјоделието.
Дополнително ќе биде промовирана и локалната канцеларија за услуги на земјоделците во која што ќе се дава целосната техничка и логистичка поддршка на фармерите од руралните средини кои гравитираат кон општина Струмица за зголемување на дигиталната писменост кај населението во локалната заедница и руралните средини.
Во реализација на проектот ќе ни помогнат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството како и локалната самоуправа од каде што ќе се добие база на регистрирани земјоделски стопанства се со цел за поголем број на вклучени фамери во информативниот систем кој што сакаме да го создадеме.
Имплементацијата на нашиот информативен агро систем со сигурност ќе биде придонес за унапредување на земјоделското производство во нашата општина со навремено информирање и користење на дигиталните алатки особено во практикувањето и примената на новите и модерни концепти во земјоделството.