Обука на тема Органско производство

На ден 05.10.2018(петок) и 06.10.2018 (сабота) год. Во канцеларијата на ПроАгро Фармери Струмица, во рамките на проектот ПРОМОЦИЈА НА ОГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО-ЗГОЛЕМЕНИ И СТАБИЛНИ ФИНАНСИСКИ ПРИХОДИ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ-ЗДРАВА НАЦИЈА се одржа дводневна обука на тема ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО организирана од здружението за унапредување и развој во земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ.

Проектот е финансиски подржан од програмата Г1 од општина Струмица.

Свое излагање на трибината имаа

  • Борче Јанев – претседател на ПРОАГРО ФАРМЕРИ и координатор на проектот
  • Цветанчо Ѓорѓиев – производител на био ѓубрива

Обуката ја започна Борче Јанев кој присутните ги запозна со целта на проектот и темата за дводневната обука, притоа кажа:

Главна цел на проектот е зголемување на интересот за Органско производство и зголемено користење на Органски заштитни средства како и зголемување на нивотo на свесност за користење органски здрава храна.