Одржани работилници во с.Робово

На ден 04.06.2019 (вторник) во ОУ.”Гоце Делчев” во с.Робово, во организација на здружението “Проагро Фармери” во рамките на проектот “Модерно и квалитетно градинарско производство кај градинарите во с.Банско,с.Муртино и с.Робово”,се одржаа две работилници на тема:

  1. “Начини на искористување на тековните програми и ИПАРД фондови во земјоделието “
  2. ”Нови и модерни технологии во градинарското производство”

 

На присутните најпрвин им се обрати координаторот на проектот Борче Јанев  кој присутните ги запознаа со проектните активности  со целите на проектот и со деталите околу организацијата на првиот АГРО САЕМ во Струмица кој ке се одржи последниот викенд од месец Август.

На првата работилница агр.инг. Стојан Глигоров  присутните ги запозна со јавните повици кој следуваат во блиска иднина од програмите за подршка на фармерите, за начинот на аплицирање, висината на подршката и кој се потребни документи за аплицирање и користење на средства од ИПАРД фондот, се со цел модернизација на нивните земјоделски стопанства и што поголема нивна искористеност.

На втората работилница, во рамките на истоимениот проект свое излагање имаше и проф.Томе Тимов на тема: ”Нови и модерни технологии во градинарското производство” кој на присутните им ги презентираше најновите достигнувања во земјоделието и кој се алатки треба да ги користат земјоделските производители се со цел добивање на зголемени и стабилни земјоделски приходи кај фармерите.

 

Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија, а е спроведувана од UNDP.

Со свои средства во проектот учествува и Општина Струмица.