Субвенции за пчелари

Исплатени субвенциите за презимени пчелини семејства и за мали стопанства дефинирани според историски плаќања за претходни три години


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 5,885 субјекти, исплати 224 милиони денари за субвенции. Станува збор за исплата на средства за сите земјоделци кои правно – законски се стекнале со право на добивање на финансиска поддршка за презимени пчелини семејства, како и субвенции за мали земјоделски стопанства дефинирано според историски плаќања за претходните три години.
Извор АФПЗРР