Убавините на селото-Подобрен рурален туризам

Со нашата проектна иницијатива ќе ги нотираме проблемите и причините за недоволниот равој на руралниот туризам и начините и можностите за развој и подобрување на истиот кај земјоделските стопанства кој сакаат да започнат со оваа дополнителна дејност од која би остварувале дополнителни приходи во семејниот буџет, и ќе извршиме приближување на младите со руралниот животен стил и понудата на здрава храна на селските домаќинства.

Имено главна цел на проектот ни е:
Подобрен рурален туризам преку афирмација на природните убавини на селата.

Додека пак конкретни цели ни се:
1. Зголемена мотивираност на руралните домаќинства за можностите од рурален туризам.
2. Запознаени млади лица од градската средина за животот на село.

 

Проектната активност е дел од проектот “Убавините на селото” финансиски подржан од Г1 програмата на општина Струмица