„АгроРециклирај“ – решение за намалување на отпадот

Преку проектот „АгроРециклирај“, заедно со локалните земјоделци, ученици и заедницата во Струмица, работиме на воведување на практични решенија за намалување на отпадот и поефикасно користење на ресурсите.

✅ Со компостирање на органски отпад го намалуваме загадувањето и добиваме природно ѓубриво.
✅ Со правилна селекција и рециклирање на пластиката го штитиме воздухот, почвата и водата.
✅ Со повторна употреба на материјалите ги намалуваме трошоците во земјоделското производство.

Рециклирањето значи:
🌍 Помалку отпад на депониите
💰 Помали производствени трошоци
🌿 Почиста и поздрава животна средина
👩‍🌾 Нови можности за одржливо земјоделство

Секој мал чекор прави голема разлика. Да го претвориме отпадот во ресурс и да изградиме циркуларна економија во нашата заедница!

Проектот „АгроРециклирај“ е дел од проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, спроведуван од PIN, АРНО, LEAD и Ековита, а финансиран од Европската Унија.