Тргнувајки од фактот оти во поранешна општина Струмица има околу 14.000 активни земјоделски стопанства неминовна беше потребата од организирање на една ваква голема манифестација.
Соочувајќи се со проблемите на земјоделците, заради кои многу често ги изразуваат своите не задоволства, а кои се однесуваат на ниски и променливи откупни цени, ограничени пазари и лоши откупни политки, а свесни или не свесни за причините за тоа како последица од досегашното не организирано, не стандардизирано и не конкурентно земјоделско производство.
За нас како здружение за унапредување и развој на земјоделието беше мотивација да се организираме за да придонесеме кон соодветни промени во локалната заедница токму во сверата на земјоделието, имајќи во предвид дека нашата локална заедница (Општина Струмица) е земјоделско подрачје каде локалната економија во еден поголем и значаен дел се темели токму на земјоделството.
Главна цел на саемот е јавно презентирани здрави и квалитетни производи, нови технологии и механизации за обработка на земјиштето, презентирање на нови видови на семињa, губрива и заштитни средства, како и презентирање на можностите за руралниот туризам во Југоисточна Македонија и можноста за претставување на веќе подзаборавените традиционални ора и песни од југоистокот.
Како специфични цели на АГРО САЕМ-СТРУМИЦА 2019 можеме да ги издвоиме:
1.Промоција на градинарски производи.
2.Промоција на Органски производи.
3.Промоција на нова технологија во земјоделското производство.
4.Промоција на земјоделска механизација.
5.Промоција на репроматеријали кој се користат во производството.
6.Промоција на можностите за рурален туризам во Југоисточна Македонија.
7.Промоција на традиционални песни и ора од Југоисточна Македонија
Саемот ќе се одржува два дена и тоа на 30.08 и на 31.08.2019 год. ( петок и сабота ). Саемот ке биде отворен претпладне од страна на високи гости од ЕУ, УНДП, Министерот за Земјоделие и Градоначалникот на Општина Струмица со мала културно уметничка програма и разгледување на изложените производи.
Попладне во вечерните часови на големата бина ке биде одржана културно уметничка програма на традиционални песни и ора од Југоисточна Македонија каде што ке има над 100 учесници и голем број на посетители.
Вториот ден ке биде организирана завршна конференција за презенирање на резултатите од проектот “Модерно и квалитетно производство кај градинарите од село Банско, Муртино и Робово “ и поединечни презентации на фармерите на своите производи и презентации од страна на дилерите на механизација за најновите трендови во земјоделието, додека од страна на општините ќе бидат презентирани нивните можности за рурален туризам.
Саемот и дел од проектот “Модерно и квалитетно производство кај градинарите во с.Банско, с.Муртино и с.Робово” кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија (ЕУ), спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со свој средства во проектот учествува и Општина Струмица