АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2019

За прв пат во Струмица во организациија на здружението „ПРОАГРО ФАРМЕРИ“ на 30 и 31 август  се одржа „АГРО САЕМ Струмица 2019“.

Саемот  бише отворен претпладне од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, високи гости од ЕУ, УНДП и градоначалникот на општина Струмица.

Попладне се одржа културно-уметничка програма на традиционални песни и ора од Југоисточна Македонија, каде што  имаше над 100 играорци и голем број на посетители.

Саемот беше одлична можност каде што фармерите го претставија автентичниот начин на производството на градинарски производи, храна, вино, мед, додека пак увозниците на механизација  ги претставија последните технолошки достигнувања во производствениот процес.

Учество на саемот  земаа фирми од областа на земјоделството и преработувачката индустрија, кои  ја искористија оваа одлична можност за промоција на своите производи и поврзување со деловни партнери од сите краеви на Македонија.

Посетителите на штандовите  имаа можност да ги вкусат традиционалните македонски земјоделски производи и храна. Дополнително поситетелите и изложувачите  имаа можност за воспоставување на меѓусебни контакти и размена на искуства.

Вториот ден беа организирани поединечни презентации на фармерите на своите производи и презентации од страна на дилерите на механизација за најновите трендови во земјоделието.

Од одржувањето на една ваква манифестација се постигнааа следниве резултати:

Р.1. Зголемена информираност кај посетителите за локалните  земјоделски производи.

Р.2.Зголемена свесност кај производителите и кај конзументите за значењето на Органската храна и придобивките од неа.

Р.3. Зголемена употреба на нови начини на производство со употреба на нови и модерни технологии кај земјоделските производители.

Р.4.Зголемен интерес кај фармерите за замена на старата механизација со нова, се со цел намалување на производствените трошоци.

Р.5. Зголемен интерес кај фармерите за употреба на нови и по продуктивни видови на семиња и употреба на нови губрива и заштитни средства.

Р.6.Зголемен интерес кај посетителите за традиционалната етно-музика и ора од Струмичкиот регион.

Саемот и дел од проектот „Модерно и квалитетно производство кај градинарите во Банско, Муртино и Робово”, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од Европската унија (ЕУ), спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со свој средства во проектот учествува и Општина Струмица.

Саемот е финансиран и од МЗШВ од програмата за промоција на земјоделските производи.