Појавата на корона вирусот и во нашата држава предизвика слични или исти реакции како и секаде во светот, почнувајќи од масовно купување на залихи на храна и средства за хигиена, страв, паника, вознемиреност. Со цел да се заштити секој поединец и да го заштити своето семејство голем дел до населението на почетокот на пандемијата се повлекуваше од градовите кон селата. Односно онаму кај што фреквенцијата на луѓе е помала и каде можноста за зараза е помала и потешко доспева до селата. Но по заземање на замав на вирусот и доспевање и до селата, каде според статистики ако таму се појави тогаш побрзо се шири, луѓето ниту таму не се чувствуваат безбедно.
Затоа членовите на здружението Проагро Фармери во рамки на проектот “Информирани и безбедни фармери во услови на пандемија предизвикана од Ковид 19 ” заедно со вклучено дополнително стручно лице вршиме дистрибуција на информативен флаер со информации за заштита од корона вирусот како основа за остварување на стабилни приходи и унапредување на нивната работа и здравје.
Дополнително вршевме и достава на пакети со заштитни средства на фармерите во руралните места на живеење. Во рамките на проектот ке бидат дистрибуирани 70 пакети на фармери од населените места од општина Струмица.
Овој проект е финансиран од Г1 програмата на Општина Струмица.