На ден 02,11,2018 година во просторите на здужението ПРОАГРО ФАРМЕРИ се одржа едукативна трибина со жени од руралните средина на тема „Органското производство, нова можност и иднина во земјоделието, преку примена на органските заштитни средства и начините на заштита на растенијата за органско производство“.
Од досегашните средби – трибини воспоставена е:
-Kомуникација помеѓу земјоделците и стручните еминентни организации од областа на органското производство
-Подигнато е нивото и информираноста на земјоделците за пазарите и откупот на органски производи
-Подигнато е нивото за примена на органски заштитни средства
-Подигнато е нивото на употреба на органски здрава храна од страна на конзументите
Во рамките на истоимениот проект тимот за имплементација одржа повеќе трибини во руралните средини на тема “Органско производство – Здрава нација” на кои што учество зедоа стручни експерти од областа на органското производство.
Главна цел на проектот е зголемување на интересот за Органско Производство и зголемено користење на Органски производи, кај земјоделските производители и кај конзументите на храна.
Во моментов здружението ПРОАГРО ФАРМЕРИ во рамките на проектот продолжува со промоција на органското производство, се со цел за подигање на нивото и мотивација за преструктуирање од конвенцијалното кон органското производство.
Проектот е финансиски подржан од програмата Г1 на Општина Струмица