Жената фармер-лидер и пример на младите – Цел на проектот

Главна цел на проектот

„Жената фармер станува лидер во семејството и со тоа пример за младите во започнување и воведување нови знаења и технологии за здраво и квалитетно производство преку воведување нови технологии и производи со помош на користење на тековните програми и средства наменети за поддршка на жените и младите“, се со цел да се постигнат стабилни и зголемени финансиски приходи, а со тоа пак и да се зголеми можноста за отворање нови работни места за младите во земјоделството како дел од севкупниот локален економски развој во локалната заедница.

Специфичните цели се основата на која се заснова главната цел на проектот со цел да се промени и реши проблемот што е причина за нашето проектно делување.

Специфична цел 1.

  • Утврдување на моменталната состојба на учество на жените и младите во земјоделското производство во општина Струмица
  • Истражување со цел да се утврдат суштинските проблеми, причините и последиците од учеството/неучеството на младите и жените и примената/непримената на досега застарените модели и концепти на земјоделско производство и влијанието на т.н. далеку застарени методи на производство во функција на новите погледи и постапки на жените и младите во однос на новите промени во земјоделството
  • Анализа на влијанието и утврдување на почетната точка на дејствување со цел да се постигне посакуваната промена кај жените и младите и врз земјоделството и земјоделците во Струмица

Специфична цел 2.

  • Воведување на нови производи и технологии во производството кај жените и младите фармери со користење на тековни програми и фондови (ИПАРД) за инвестиции во современи начини на производство на квалитетни и здрави производи.

 

 

 

 

 

Проектот е поддржан со грант од Европската Унија во рамки на проектот Платформа за инвестиции во заедницата Community Investment Platform – CIP , кој се спроведува од Фондацијата Албиз