29 годишната Марија Стојанова од Балдовци Струмица го понесе признанието Жена фармер за 2024 на годинашното издание на Агросаем Струмица 2024. Таа со семејството се занимаваат со сточарство цели 10 години и постигнуваат одлични резултати. Годишно произведуваат околу 123 тона млеко. Поседуваат околу 80 крави од кои 33 молзници. Обработуваат 25 декари сопствено и 460 декари ниви под наем со јачмен и луцерка, објави drnka.mk