Меден Балкан 2024

Васка Литајковска од Банско Струмица, Трајко Илиев од Гевгелија, пчеларникот Смилански мед од Радовиш беа меѓу наградените за најквалитетен мед на Агросаемот во Струмица

Повеќе од 200 пчелари производители на мед од земјава и странство учествуваа на Изборот за најквалитетен и највкусен мед на Агросаемот Струмица 2024. Жири комисијата беше во состав Воислав Кантарџиев, Ѓорги Андонов, Никола Барабановски, Ѓорги Делев и Ѓорѓи Хаџикотарев кои одлучија победник во категоријата цветен мед да биде Трајко Илиев од Гевгелија. Тој оваа признание го доби во конкуренција 10 тина пчелари од земјава а жирито неговиот мед го оцени со највисоки оценки.