Мерка 121 Инвестиции во модернизација

Сите земјоделски стопанства кои во периодот од 01- ви септември 2020 година до 31- ви март 2021 подогнале нови повеќегодишни лозови, овошни насади или ароматични растенија и медоносна флора( еводија, багрем и фацелија ) ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерката 121 „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“.

Целта на мерката 121 – „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“ е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди од минималните стандарди утврдени со законите од областа на земјоделството или новововедени стандарди од областа на земјоделството.

Ставката на ко-финансирање изнесува 50%, истата се зголемува во одредени случаи, и изнесува:

 

  • 55% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поднесување на инвестицијата;
  • 60% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции во земјоделско стопанство кое се наоѓа во подрачје со ограничени можности;
  • 65% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поднесување кое се наоѓа во подрачје со ограничени можности.
  • 75% за инвестиции во недостапни рурални заедници