Главна цел на проектот ни е:
Зголемена ангажираност и интерес на младите лица за агро индустријата.
Конкретни цели ни се:
Утврдување на моменталната состојба за учеството и интересот на младите во агро секторот во општина Струмица
Информирање на младите за тековните програми и фондови за инвестиции во земјоделието и развивање на претприемачкиот дух на младите од руралните средини.
Главна целна група на проектот се 100 млади лица од кој 50 машки и 50 женски.
Ангажирањето на младите луѓе во земјоделството има позитивно влијание на различни области:
-се развиваат руралните средини
-се поттикнува престојот и враќањето на младите во руралните средини
-се поттикнува вработувањето на младите
-се поттикнува развојот и модернизацијата на земјоделскиот сектор
-се поттикнуваат иновации во земјоделскиот сектор.
Младите земјоделци можат да придонесат за развојот на земјоделството поради нивните специфични карактеристики:
– тие полесно ги прифаќаат новите технологии и знаења – повеќе се во чекор со најновите трендови во технологијата
-почесто се одлучуваат да одгледуваат нетипични и профитабилни земјоделски култури
– поактивно учествуваат во донесувањето и креирањето на различни одлуки и сл.
– тие се повеќе свесни за важноста на одржливоста на животната средина.