Младите кои сакаат да се занимаваат со земјоделство се соочуваат со низа проблеми – од административни до финансиски.
Европската Унија, преку различни мерки од Програмата за рурален развој се стреми да ја подобри положбата на младите земјоделци и да го олесни започнувањето и одржувањето на бизнисот.
Ангажирањето на младите луѓе во земјоделството има позитивно влијание на различни области:
-се развиваат руралните средини
-се поттикнува престојот и враќањето на младите во руралните средини
-се поттикнува вработувањето на младите
-се поттикнува развојот и модернизацијата на земјоделскиот сектор
-се поттикнуваат иновации во земјоделскиот сектор.
Младите земјоделци можат да придонесат за развојот на земјоделството поради нивните специфични карактеристики:
-тие полесно ги прифаќаат новите технологии и знаења – повеќе се во чекор со најновите трендови во технологијата
-почесто се одлучуваат да одгледуваат нетипични и профитабилни земјоделски култури
-поактивно учествуваат во донесувањето и креирањето на различни одлуки и сл.
-тие се повеќе свесни за важноста на одржливоста на животната средина.
Со нашите проектни активности сакаме младите земјоделци да можат полесно да започнат сопствен бизнис, да создадат нови брендови на пазарот, да инвестираат во нови дејности преку кои ќе ги реализираат своите идеи врз основа на добри деловни планови кои имаат развојна компонента, го таргетираат домашниот пазар, користат сопствени ресурси и имаат компонента за модерно производство, со примена на добри земјоделски практики и грижа за животната сред