“Жената фармер лидер и пример за младите” – почеток на проекти активности

Имајќи предвид дека општина Струмица е земјоделско подрачје каде локалната економија во голем и значаен дел се заснова токму на земјоделството, со реализацијата на овој наш проект ќе придонесеме за унапредување на истиот во корист на жените и младите, бидејќи тие се најранливите групи на луѓе и се соочуваат со тешкотии, што често резултира со нивна невработеност.

Младите всушност се најголемата група невработени, додека жените имаат највисок степен на економска неактивност.

Со овој наш проект ќе постигнеме одредени достигнувања кои силно ќе влијаат на нивната мотивација, едукација и промена на свеста, почнувајќи од примена на иновации и нови современи технологии кои сигурно ќе значат здрава храна, зголемен приход, квалитетно и зголемено производство  и стабилни финансиски средства и во таа насока ќе постигнеме силно долгорочно влијание и врз другите фармерки и млади, особено во рамките на промената на навиките и начинот на производство, како на локално така и на национално ниво.

Овој проект е поддржан со грант од Европската Унија во рамки на проектот Платформа за инвестиции во заедницата Community Investment Platform – CIP , кој се спроведува од Фондацијата Албиз