Како дел од проектот информативен агро систем се отвори локален центар за подршка на фармерите.
За отварањето на овој центар се искористи моменталната канцеларија на здружението Проагро Фармери каде што ќе се користат човечките и техничките ресурси на здружението од каде што секојдневно фармерите ќе добиваат консултански услуги и решенија приспособени за нивните потреби и ќе допринесеме за зголемена едуцираност на фармерите со давање на бесплатна помош при електронско аплицирање за субвенции, аплицирање на моменталните повици за нивна подршка, пополнување на нај различни документи и други нивни потреби.