Јавен Повик
Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ СТРУМИЦА за потребите на проектот “Модерно и квалитетно градинарско производство во с.Банско, с.Муртино и с.Робово” објавува повик за ангажман на едно стручно лице:
1 Консултант за воведување на нови технологии во градинарството
- Цел на повикот
Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ СТРУМИЦА за потребите на проектот “Модерно и квалитетно градинарско производство во с.Банско, с.Муртино и с.Робово”, објавува повик за аплицирање за еден/на консултант/ка, кој/а во соработка со проектниот тим и според нивни насоки ќе спроведе низа активности (види дел 3 подолу) поврзани сo теренски посети и одржување на три работилници за нови технологии во градинарското производство.
Резултат на активностите е да се зголеми примената на новите и модерни начини на производство со што фармерите би добиле стабилни и зголемени земјоделски приходи од продажба на своите производи.
2. Опсег на повикот
Повикот е наменет за поединци (физички лица) со искуство во спроведување на активности од областа на земјоделието. Минималното ниво на образование на кандидатите е високо (завршен седми степен). Предност имаат кандидати со завршен земјоделски факултет.
3. Спроведување на активностите
Од избраниот кандидат ќе се очекува активностите да ги спроведува во соработка со и според насоки на проектниот тим, според работен план, кој индикативно вклучува:
- Одржување на три работилници на тема „Нови технологии во градинарското производство“
- Теренско-советодавни активности за примена на нови технологии
Ангажманот се однесува за период од пет месеци и тоа од март2019до јули 2019, соскратено работно време, хонорарен-бруто месечен надоместок за изработени 40 часови месечно (или 20 работни дена месечно по 2 часа на ден)
Вкупната временска рамка за спроведување на активностите е 5месеци, од 1 март до 31 јули 2019 година.
4. Рокови, динамика и услови
Рокот за пријавување на кандидат(к)итe е 20 февруари 2019 година, до 15 часот. Најдоброрангираните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 25 февруари 2019 година. Избраниот кандидат ќе биде поканет да потпише договор за регулирање на меѓусебните обврски со проектот најдоцна до 27 февруари 2019 година. Од избраниот кандидат ќе се очекува да биде на располагање за спроведување на активностите веднаш по потпишување на договорот.
5. Начин на пријавување и избор
Документот за пријавување ( CV ) треба да се достави во електронска форма на proagrofarmeri@yahoo.com или лично во просториите на здружението, најдоцна до 20ти февруари 2019 година, во 15 часот.
За позицијата ќе биде избран кандидат според следните критериуми:
- Искуство во спроведување на проекти од областа на агро секторот.
- Квалитет на CV
Овој проект се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од Европската унија (ЕУ), спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Со свои средства во проектот учествува и општина Струмица