Посета на пластеник со домати

Во рамките на проектот “Убавините на селото” со група на дечиња бевме во посета на чичко Иле кој целиот свој живот одгледува домати, а од скоро време започнал со одгледување и на органски домати кој за нас беа посебно интересни.

Чичко Иле е поим за земјоделец. Човек кој со свои раце и свој труд се бори да опстане во земја во која на новитетите
се гледа со претпазливост и сомничавост, а конвенционалното е норма, како во животот, така и во земјоделието. Да работиш органско во време во кое голем број од луѓето сеуште не се запознаени што е тоа, да бидеш еден од првите, знае да претставува и терет. Но чичко Иле храбро се носи со тоа и е не компромисен во својот избор.

 

Но времињата се менуваат и покажуваат
дека можеби не згрешил во својот избор.

На нам посетителите на неговата фарма  добро ни се познати неговите вкусни домати, пиперки, модри патлиџани.

Очигледно е дека Иле го познава и владее начинот на производство, на што додатен показател е неговото опширно и сликовито раскажување за целокупниот процес на производство на домати за кој што беа заинтересирани сите дечиња..

Главен проблем со кој се соочува е наоѓање на сезонски работници. „Им нудам најдобри можни услови и пак тешко се наоѓаат луѓе“ – ќе се пожали.  Но, кога е најпотребно, тука е секогаш фамилијата која доаѓа на помош.
Нашиот впечаток е дека ова е генерален проблем за сите земјоделци.

 

 

 

Ни беше посебно задоволство да ја организираме оваа посета, да поработиме на пластеникот со домати, а подоцна да
седнеме и да ги слушаме неговите животни приказни, а чичко Иле е секогаш интересен раскажувач.

 

Проектната активност е дел од проектот “Убавините на селото” финансиски подржан од Г1 програмата на општина Струмица