Здружението ПроАгро Фармери – Струмица го најавува стартот на проектот „АгроРециклирај“, чија цел е воспоставување на одржлив модел на циркуларна економија во земјоделството на општина Струмица.
Проектот носи иновативни решенија за намалување, повторна употреба и рециклирање на земјоделски отпад – од растителни остатоци, до пластика и амбалажа. Преку ефикасно управување со органски и неоргански отпад, заедно работиме на почиста животна средина, помало загадување и позелена иднина.
Проектот опфаќа:
- Организирање едукативни обуки и јавни кампањи за циркуларна економија
- Акции за чистење, селекција и рециклирање на отпад
- Советодавна и практична поддршка за земјоделците
- Вклучување на младите и ранливите групи во зелени иницијативи
🎯 Цели на проектот:
- Намалување на земјоделскиот отпад преку системи за рециклирање и повторна употреба
- Подобрување на животната средина и создавање почисти земјоделски практики
- Активно вклучување на младите и ранливите групи во процесите на циркуларната економија
Проектот „АгроРециклирај“ е дел од проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, спроведуван од PIN, АРНО, LEAD и Ековита, а финансиран од Европската Унија.