ПРИРАЧНИК-Можности за финансирање на младите

Младите земјоделци можат да придонесат за развојот на земјоделството поради нивните специфични карактеристики:

-тие полесно ги прифаќаат новите технологии и знаења – повеќе се во чекор со најновите трендови во технологијата
-почесто се одлучуваат да одгледуваат нетипични и профитабилни земјоделски култури
-поактивно учествуваат во донесувањето и креирањето на различни одлуки и сл.
-тие се повеќе свесни за важноста на одржливоста на животната средина.

 

За таа цел изработивме прирачник од кој младите фармери ќе можат да се информираат за потребните документи и начините на аплицирање за фондовите кој се наменети за нив.

 

Прирачникот е изработен како дел од проектот Младите-иднина на земјоделието, финансиран од Г1 програмата на општина Струмица