Во рамките на проектот “Промоција на органско производство – Зголемени и стабилни приходи на земјоделците-здрава нација” здружението ПроАгро Фармери во изминатите неколку месеци одржа средби – трибини во руралните средини на тема “Органско производство”на кои што учество зедоа стручни експерти од областа на органското производство.
Главна цел на проектот е зголемување на приходите на земјоделците преку примена на органското производство,а целна група се земјоделски производители кои се занимаваат со конвенционално земјоделско производство.
Од досегашните средби – трибини воспоставена е:
-Kомуникација помеѓу земјоделците и стручните еминентни организации од областа на органското производство
-Подигнато е нивото и информираноста на земјоделците за пазарите и откупот на органски производи
-Подигнато е нивото за примена на органски заштитни средства
-Подигнато е нивото на употреба на органски здрава храна од страна на конзументите.
Во рамките на истоимениот проект во тек е подготовка на дводневна обука за значењето и примената на органските заштитни средства во процесот на органското производство.
Проектот е финансиски подржан од програмата Г1 на општина Струмица.