Работилница со фокус група во с.Робово

Датум:          27.08.2019 год.

Место:          ОУ Гоце Делчев с.Робово                                                                                                                                                 Час :               18h                                                                                                                                                                                   Предавачи: Борче Јанев (координатор на проектот)

На присутните се обрати Борче Јанев,координатор на проектот ” Унапредување на земјоделското производство во Општина Струмица низ процесот на стратешко планирање за период од 2019-2025 година”.

Чест и задоволство ми е денес пред вас да го презентирам новиот проект кој го започнавме пред околу 2 месеци.

Вечерва тука со мене се и Лела Митев и Јасмина Стојанова кој во проектот се вклучени како истражувач и аналитичар, некои од вас веќе се запознаени со нив бидејќи во изминатите два месеци работеа на терен со цел за што повеќе информации околу секојдневните проблеми со кој се среќавате.

Целта на нашиот проект е да го унапредиме земјоделското производство низ процесот на стратешко планирање во наредниот пет годишен период  од 2019-2025 год.во рамките на петгодишна стратегија за унапредување и развој на земјоделското производство во Општина Струмица. Проектот ќе се имплементира во времетраење од 6 месеци ,во кој ќе бидат вклучени експерти во земјоделието,кој ќе работат на терен и секако најпотребни сте ни вие како директни лица инфолвирани во проблемите во земјоделието. Сметаме дека овој проект е од особено значење за локалната заедница бидејќи протежира иновативност и среднорочно стратешко планирање.

Првиот дел од овој проект се заснива на истражувачко-аналитички активности на кој веќе работат колешките со кој предходно ве запознав и слободно може да им се обратите, преку собраните информации од истажувањето ќе ја утврдиме стартната позиција.

Во вториот дел ќе бидат спроведени двомесечни теренски активности ,средби и состаноци во соработка со вклучен дополнителен ресурс,согласно утврдената динамика заради директно влијание на целната група.

Третиот дел е многу суштински во однос на идните промени и влијанија врз целокупната аграрна политика во рамките на изготвување на петгодишна стратегија и акциски план за развој на земјоделието Струмица и струмичко.

Од особено значење ќе ни биде вашата вклученост и активност  во проектот,доколку отворено поразговараме за проблемите со кој се соочувате,тогаш полесно ќе дојдеме и до соодветни решенија.

Би сакал овој момент да отвориме дискусија за вашите проблеми со кој се среќавате а исто така да сполеми и позитивни искуства.Начин на работа кој го применувате и се покажал како добар.

Ристов Тони како најголем проблем го посочи проблемот со откупните центри.     Ние како земјоделци може да прифатиме секаков совет, спремни сме на се за да го подобриме квалитетот на нашето производство,но пред се треба да се реши проблемот со откупните центри. Робата ја даваме ефтино, цените по кој ни ја плаќаат робата не е доволна ниту да ги подмириме трошоците што ги имаме на почетокот од сезоната. Јас лично сметам дека доколку некој сака да ги реши проблемите треба да почне од проблемот со цените.

Мите Манев исто како еден од поголемите проблеми може да го посочиме иселувањето на младите. Немаме веќе млади земјоделци, по нивите се останати само пензионери. Мора да се направи нешто за да се задржат младите во државата, оти без нив неможе да се оди напред. Силата е во младите.

Сашко Терзиев смета дека мора да се направи нешто во земјоделието, да се сменат старите навики и начини на производство. Сметам дека колку поскоро се започне со примена на нови технологии и начини на производство,толку побрзо ќе се подобрат работите во земјоделието. Со производство на квалитетни производи ќе имаме и пласман и цена на робата.

Бранко Милковски смета дека проблем се и климатските промени, којшто негативно влијаат на приносот и квалитетот на производите.

Марјан Бончев како проблем ги посочи и неквалитетните ѓубрива и семиња. Многу често се случува неквалитетните ѓубрива да предизвикаат проблем кај производството. Сметам дека се потребни поголеми контроли во земјоделските аптики за проверка сто се увезува и што се продава.

Овие неколку проблематики беа тема на дискусија оваа вечер со која се согласија поголемиот дел од земјоделците дека всушност тоа се реални проблеми во земјоделието.

На земјоделците им беше најавена директна посета на терен каде што ќе може повторно да се разгледаат проблемите со кој се соочуваат и да си поразговараат со стручни лица од таа област.

 

Проектот се спроведува во рамките на Г1 програмата на Општина Струмица