Статут

Статут на здружението

Согласно член 16 од Законот за здруженија и фондации (Службен весник бр. 52/2010) Собранието на основачите на Здружението на ден 12.02.2021 ја донесе следнава

П Р О Г Р А М А
За дејствување на Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ од Струмица за 2021 година

Визијата на Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ од Струмица е:
Здружено и модерно земјоделско производство.
Мисијата на Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ од Струмица е:
Застапување, заштита и остварување на интересите и правата на земјоделските производители во Р.Македонија и зачувување на животната средина.

Стратешки цели на Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ се:
-Развој на современо и високо квалитетно земјоделско производство
-Советодавни услуги на фармери
-Финансиска едукација на фармерите за искористување на домашни и европски фондови
-Заштита, подршка, едукација и техничка помош на малите фармери
-Зачувување и унапредување на животната средина
-Развој и унапредување на селскиот туризам
-Промоција и презентација на земјоделието и развивање на руралните средини
-Организирање, координирање и стратешко планирање на работата за остварување на профитабилно градинарско произвотсво.
-Зајакнување на материјалните и техничките капацитети на фармерите преку заеднички настап пред откупувачите, преработувачите и институциите.
-Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики и нивно вмрежување.
-Спроведување на истражувања и анализи.
-Организирање на обуки и едукативни трибини.
-Публикување на информативен и промотивен материјал.
-Организирање на Саем и учество на манифестации.
-Соработка со локални и државни власти, институции и компании.
-Соработка и партнерства со други здруженија во Македонија.
-Промоција и подршка на други локални и меѓународни проекти.

Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ во 2020 година ќе ги реализира следниве активности:

1. Аплицирање на повикот Г1 од програмата на Општина Струмица;
2. Организирање на Агро-Саем;
3. Аплицирање на тековни повици кој се значајни за нашата област на делување;
4. Лобирање кај надлежните институции за унапредување и развој на земјоделието.
5. Зголемување на бројот на членовите, преку анимирање на фармерите;
6. Барање на донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа;
7. Медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението;
8. Други прашање кои не се предвидени со програмата, а во текот на годината ќе се појават како важни за решавање;
9. Соработка со слични организации од земјава и од странство;
10. Учество и посета на агро саеми
11. Изработка на проекти за унапредување на земјоделието и заштита на животната средина.

12.02.2021 година Здружение за унапредување
Струмица и развој на земјоделието
ПРОАГРО ФАРМЕРИ

Претседател

...........................................

Проагро Фармери низ бројки

356

Задоволни клиенти

298

Советодавни услуги

188

Посетени клиенти

167

Членови

Контакт

Здружение на земјоделци за унапредување и развој на земјоделието

24 Октомври бб, Струмица (во близина на Комуналец)

070 389 034

proagrolider@yahoo.com

Поставете прашање

Слободно обратете ни се кога имате потреба од нас!